Се движат ли моќно нашите политичари?

Во пресрет на шестите по ред претседателски избори на Република Македонија си зедов за право, како граѓанин кој има потреба да види промени во политичката елита (не сум единствена, тоа го знам) да покренам едно доста интересно прашање. Прашањето нема никаква врска со внатрешната или надворешната политика, евроатланските интеграции, довербата што народот ја има (или ја нема) во политичарите и сл… а сепак има голема поврзаност токму со тие теми и со имиџот кој се трудат да го изградат дома и надвор.

Понекогаш доста тешко ми е да ги слушам а уште потешко да ги гледам… па многу често се прашувам:- „Дали имаат тим зад нив кој се грижи за нивните јавни настапи?“  Сега ќе искористам едно клише и ќе кажам- секоја чест на исклучоци, а тие на прсти можат да се избројат.

Изминативе години имаше доста интересни говори на јавни личности од типот „дал да плачам ил да се смејам“!

Да се потсетиме на поскорешните, ако заборавивме:

Господинот Љулзим Фаризи од ДУИ одржува говор во Берлин на тема „Почитувањето на слободата и човековите права-предизвик за демократијата на Република Македонија“. Доколку би го анализирале говорот би заштедиле време ако кажеме само што кажа добро и дали гестикулациите му беа на место. И ќе го заштедиме целото време – затоа што НИШТО НЕ Е КАКО ШТО ТРЕБА!  Можеби и токму тие, политичарите се грижат за своето време кое им е ограничено и ценето па не посветуваат доволно внимание на малите финеси кои го обликуваат него како личност и  политичар кога говори во јавноста.  Едно потсетување за нив: и ние одвојуваме време од нашите „мали“ животи за да го ислушаме вашиот говор, па удостојте не и испочитувајте не затоа што ве избравме.

Доста се намачив да го најдам говорот на (Др.) Љулзим Фаризи, кој претпоставувам дека бил тргнат од youtube веднаш по објавувањето и успеав да дојдам до ова кратко видео од 39 секунди. Но и 39 секуднди се и повеќе од доволни за еден човек да остави добар впечаток. Или во случајов МНОГУ ЛОШ. Овој пат нема да си заштедиме време затоа што ќе си наштеиме повторно и нема да ја научиме лекцијата:

На самиот почеток од говорот Љулзим Фаризи „сфаќа дека пантолоните му се големи“ ,

Screenshot_1

па дури цели 6 секунди континуирано ги поткренува. Тоа не само што е непристојно туку и покажува на целосна дезориентираност и несигурност на говорникот. Истиот гест го повторува и на 0:30. Во меѓувреме неколку пати ги поставува рацете на бината и автоматски ги повлекува наназад, со што се дистанцира од она што го кажал, или поточно знае дека она што го зборува не е вистина. Ова е особено видливо кога изјавува дека Македонија е мултирегионална (?!!) и кога кажува дека во државата има голем проблем со почитување на слободата и човековите права.    Ова не го измислувам јас, ова јасно го зборува неговиот ГОВОР НА ТЕЛО.

Токму ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО  е прашањето и проблематиката која сакам да да ја донесем на јавна дебата и јавна анализа.

Многу е важно да знаеме и да се потсетуваме постојано дека само 7% од целокупната комуникација помеѓу луѓето се остварува преку зборовите а останатите 93% се остваруваат преку невербалното комуницирање. А гестикулациите кои ги покажуваме  се резултат на една метална акција која се пренесува во видлива телесна реакција.  Во невербалното комуницирање се содржани гестикулациите изразени преку говорот на телото и преку фацијалните микроекспресии, како и  преку гласот и интонацијата на изговорените зборови.

За жал и дипломатите, оние кои мораат да ги знаат правилата на невербалното комуицирање знаат да потфрлат:

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=33548

Новата амбасадорка во Белград, Вера Јовановска Типко, можеби е тазе во дипломатијата па може да и се прогледа низ прсти, но сепак не можеме да и простиме затоа што е когнитив-бихејвиор психотерапевт. (http://www.equilibriumvera.com/staff.html)

Да и посветиме мало внимаие и да го анализираме извадокот од нејзиниот говор:

  1. Облека- Во никој случај не е препорачливо да се носат вакви бои, розево и розево… и розево! Делува несериозно и помалку детски. Искрено, повеќе би и одговарала комбинацијата на официјалната страна на equilibrium. Никако розево палто на розова блуза. Не знам зошто ама ме потсетува на Barbie…а тоа не е впечатокот кој сака да го остави- зарем не?
  2. Движења- Она што највеќе ме загрижува е постајаното нишање лево-десно додека седи на столицата. Замислете вака да се однесува за време на официјален разговор во Србија?!! Што ќе си помислат? А тоа што е навалена  на едната рака и потпрена на столицата како да седи на кафе со пријателките? Никако! Замислете вака да преговара за некое значајно прашање? Делува премногу незаинтерсирано и опуштено.
  3. Гестикулации-  Забележете го моментот кога одговара на прашањето за нејзиното искуство во процесот на селекција на дипломат по пат на конкурс, изјавува: „Моја беше одлуката….“ и автоматски на дел од секунда го подкренува левото рамо. Овој гест кажува дека зборовите и гестикулацијата се контрадикторни.
  4. Раце-  Вкрстените дланки се многу чест гест за време на преговарања, па ни укажуваат на две можности:  доколку се пропратени со блага насмевка укажуваат на спремност, но доколку ја нема насмевката укажуваат на фрустрација и колку повисоко се поставени рацете- поголема е фрустрацијата. За што е исфрустрирана? За прашањето? Или за одговорот?
  5. Глас-  Драматичноста и паузата за време на зборувањето се корисни и пожелни,а не како што негативно има посочено новинарот Дарко Чекеровкси (авторот на текстот).

Screenshot_2 6. Ставот кој го презентира во текот на целиот говор е помалку арогантен и непотребен во дадениот момент.   Секако дека е горда на себе што станала амбасадор,  но овој став нека го задржи за пред пријатели, а не за пред целата јавност.

Се поставуваат низа прашања кога еднаш ќе се изанализира еден говор низ призмата на говорот на тело. Но, тоа е и целта. Ќе биде доста интересно да се следат престојните говори на кандидатите и политичарите за време на предизборната кампања за претседателските и можните предвремени парламентарни избори. Движете се моќно, политичари!

Јас ви посакувам пријатна вечер и успешна невербална комуникација.

До следно читање,

Анастасија Д.Б.

П.С.

Ги одвоив овие два говори затоа што се доста воочливи непотребните гестикулации. Политичарите од власта и од опозицијата ќе имаат подеднаков третман и простор за анализа.